Ден

Кочан во среда треба да се појави во затвор

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум месеци, која му беше изречена од страна на судот за случајот „Труст“ за злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство. Според пресудата, Кочан со лажни документи учествувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ вредни 17 милиони евра.

Од Кривичен информираат и дека Кочан доставил ново барање за одложување на затворската казна. По барањето ќе одлучува судија кога претходно ќе биде извршен увид во барањето и околностите.

Можеби ќе ве интересира:

Лидерската средба ќе се одржи и без Мицкоски

Ден

МВР контра Трајчевски: Имал ли Боки 13 обезбедување од МВР?

Ден

Бојан Јовановски зел 1,5 милиони евра за да се сопре кривична постапка

Ден
UA-107222993-1