Ден

Протести во пет британски градови поради опасноста од климатска катаклизма

Активисти за заштита на човековата околина денеска се обидоа да предизвикаат хаос во пет британски градови и да ја присилат владата да дејствува во спречување на климатските катаклизми.

Групата Extinction Rebellion (Бунт против изумирањето) во април годинава цели 11 дена го измести нормалното живееење во Лондон, а тоа се смета за најголем чин на граѓанска непослушност во поновата британска историја, пренесуваат британските медиуми.

Тогаш беа блокирани познати локации низ градот, беше демолирана зградата на Шел, запрени беа возовите, а цел беше и зградата на Голдман Сакс.

„Оваа итна мобилизација на обичните граѓани, поттикната со акција заради опасноста од климатски и еколошки колапс, од владата ќе бара веднаш да преземе мерки за запирање на загубата на биолошката разновидност и намалување на емисијата на штетни гасови на нула до 2025 година“, соопшти групата.

Протести се оддржуваат во Бристол, Кардиф, Глазгов, Лидс и Лондон. Во секој од овие градови ќе се појави брод со натписот „Делувајте сега“.

Мостот во Бристол е затворен, а полицијата на Јужен Велс соопшти дека патиштата во центарот на Кардиф се блокирани. Во центарот на Лондон  активистите поставија син чамец и седеа на улиците вежбајќи јога.

„Со серија ненасилни протести низ цела Велика Британија ќе се организираат соддржини со граѓанска непослушност-блокирање на одредени локации, мостови, патишта, а исто така ќе се оддржуваат и разговори, работилници, тренинзи, активности за семејствата, собири на граѓани и уште многу други работи…“ наведува Extinction Rebellion.

Организаторите наведуваат дека сакаат со ненасилна граѓанска непослушност да ја присилат владата да го намали емитувањето на јаглерод двооксид и да спречат климатска криза, за која велат дека ќе доведе до глади општествен колапс.

Можеби ќе ве интересира:

Заев прв пријавил рекет во ОЈО, Рускоска му рекла оштетениот сам да пријави

Ден

Гаши: Што побрзо да има предвремени избори

Ден

Села: Добро е што премиерот почнал да ја чувствува силата на Алијансата за Албанците

Ден
UA-107222993-1