Ден

Бојан Јовановски зел 1,5 милиони евра за да се сопре кривична постапка

Бојан Јовановски познат како Боки 13 заедно со Зоран Милевски познат како Кичеец се уапсени по налог на Обвинителството за организиран криминал и корупција. Обвинителството покренало постапка по пријава од лицето од кое двајцата барале 8 милиони евра, но добиле само 1,5 милиони, тврдејќи дека можат да влијаат врз обвинител за да се сопре постапката која се води против него.

Шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска на прес конференцијата која ја одржа истакна дека првоосомничениот, кој освен за „Примање награда за противзакониот влијание“, се сомничи и за „Перење пари“, парите ги зел тврдејќи дека може да влијае врз обвинител, додека пак второосомничениот овозможувал средби со лице под истрага. При средбите, осомничениот во друга постапка, кој ги дал парите се посомневал за доверливост на сведокот и ги прекинал средбите.

„Доставивме барање за определување мерка притвор за осомничените лица. Како што веќе кажав, лицата влијаеле врз јавен обвинител да се олесни постапката за едно лице. Ние сега почнуваме истрага, а во текот на истрагата ќе ги добиеме сите докази, да видиме каде се трошени парите“, рече Рускоска.

Претходно, новинарот Бранко Героски во неколку колумни пишуваше за рекетарска група поврзана со власта. Во гостување на 1ТВ, Бојан Јовановски, кој се претставува како сопственик на истата, рече дека се препознал во пишувањата на Героски, но дека не вршел никакви незаконски дејствија.

Обвинителството постапката ја почнало на 2 мај годинава, по пријава од оштетеното лице, а допрва ќе се прибавуваат докази. Обвинителката Рускоска рече дека првоосомничениот немал никаков имот на негово име, а за второто лице се уште трае финансиската истрага.

Можеби ќе ве интересира:

Коцијанчич: ЕУ е уверена дека двете страни ќе продолжат да го почитуваат Преспанскиот договор

Ден

Јанева вели дека е чиста, но не најде време да одговори на прашањата

Ден

Синот на Катица Јанева кажал дека вториот телефон и е изгубен во Белград

Ден
UA-107222993-1