Ден

Јовановски на распит, се претресуваат неговиот дом и канцеларијата во 1ТВ

Менаџерот на 1ТВ, Бојан Јовановски, во јавноста се претставува како сопственик на телевизијата со лисици на рацете и полициска придружба е донесен на распит во Кривичниот суд. Претходно, полицијата на распит го донесе и Зоран Милевски Кичеец, кој е второосомничен во случајот кој го објави обвинителството за организиран криминал.

Додека Јовановски е на распит, по налог на јавен обвинител, се врши претрес во неговиот дом. Полиција влегла и во неговата канцеларија во 1ТВ, каде се бараат докази за сторени кривични дела „Примање награда за противзакониот влијание“, се сомничи и за „Перење пари“.

 „Доставивме барање за определување мерка притвор за осомничените лица. Како што веќе кажав, лицата влијаеле врз јавен обвинител да се олесни постапката за едно лице. Ние сега почнуваме истрага, а во текот на истрагата ќе ги добиеме сите докази, да видиме каде се трошени парите“, рече Рускоска.

Обвинителството постапката ја почнало на 2 мај годинава, по пријава од оштетеното лице, а допрва ќе се прибавуваат докази. Обвинителката Рускоска рече дека првоосомничениот немал никаков имот на негово име, а за второто лице се уште трае финансиската истрага.

Можеби ќе ве интересира:

Кривичен ги одби жалбите на Боки 13 и Кичеец, остануваат во притвор

Ден

Ако општина Охрид не почне со уривање, ќе и бидат одземени ингеренциите

Ден

Претрес во станот на Катица Јанева

Ден
UA-107222993-1