Ден

Рускоска: Имаме видео и аудио докази за истрагата

Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец одат во притвор, потврди шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска во изјава за медиумите.

„Првоосомничениот е задржан на граничен премин. Вршени се претреси кај првоосомничениот дома и кај неговите родители, кај вториот осомничен дома, а кај јавниот обвинител е одземен мобилниот телефон. Кај првоосомничениот е извршен претрес и во канцеларијата која ја користел. Преку мобилниот телефон се следи комуникацијата со осомничените“, рече Рускоска.

Според неа, кај друг обвинител немало ниту претрес ниту одземање на телефон.

„Јас не споменав ниедно име, само кажав дека од јавен обвинител е одземен еден телефон, таму не е вршен претрес, ниту пак кај друг обвинител и сега за сега нема зошто да бидат изведени пред истражен судија“, рече Рускоска.

Таа потврди дека имало аудио и видео снимки како осомничените го вршеле дејството.

„Обележани пари нема, но имаме снимки и од разговори и видео снимки. Во текот на вечерва не очекувам, но во понатамошниот тек на истрагата се надевам дека ќе може да очекуваме и проширување. Пред судија на претходна постапка осомничените само се произнесуваат за мерката притвор. Одбраната ќе ја дадат во јавното обвинителство кога ќе бидат повикани“, рече Рускоска.

Можеби ќе ве интересира:

Затвореник им избегал на затворските полицајци додека си купувале хамбургери

Ден

Триесетдневен притвор за Бојан Јовановски

Ден

АВМУ: Не е побарана промена на сопсвеничката структура на 1ТВ

Ден
UA-107222993-1