Ден

Ристоска: Дејствијата на поединци не го карактеризираат дејствувањето на СЈО

Специјалното јавно обвинителство денеска на прес конференција се огради од шефицата Катица Јанева, чиј телефон вчера во случајот „Рекет“ беше земен, со цел да се види комуникацијата со осомничените Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец. Јанева не се појавила на работното место, а прес конференцијата во име на целиот тим говореше обвинителката Ленче Ристоска.

Неколку пати новинарите ја прашаа дали прес конференцијата значи оградување од Јанева, но Ристоска само повторуваше дека дејствијата на поединци не го карактеризираат дејствувањето на целото обвинителство.

Од името на сите обвинители во СЈО, целиот истражителски тим и стручната служба, сакам да ве уверам дека наш примарен интерес е зачувување на интегритетот на оваа институција. Секогаш сме постапувале согласно законските прописи и сме се труделе да бидеме на ниво на задачата. Стоиме зад работата која сме ја завршиле досгеа, ве уверувам дека сите постапки кои имаат обвинителни акти и судења не се доведени во прашања, затоа што нашето постапување во нив било во рамки на законските прописи“, рече Ристоска.

Таа рече дека нема разговрано со Јанева откако вчера и го зеле телефонот и дека не знае зошто таа денеска не се појавила на работа.

Обвинителката Лиле Стефанова пак, за која вчера се шпекулираше дека исто така и бил претресуван домот, рече дека не потпишала ништо за „Империја“, бидејќи обвинителката Катица Јанева била онаа која според закон ги потпишувала сите документи.

„Не сум потпишала ниту едно решение за пуштање од притвор во куќен притвор ниту, одлуката за давање патни исправи на Цветан Панделевски. Сите одлуки ги носи и ги потпишува Катица Јанева“, рече Стефанова и додаде дека не стравува дека ќе биде инволвирана во истрагата „Рекет“. За Јанева пак, кратко одговори дека не знае дали треба да стравува.

Можеби ќе ве интересира:

Царовска: Сите 27 деца од Мајчин дом Битола се преселени во топол дом

Ден

Елмас заминува од Фенербахче во Наполи

Ден

Случај „Рекет“: Запленет глисерот на Кичеец и неколку други предмети

Ден
UA-107222993-1