Ден

(ВИДЕО) Мицкоски бара притвор за Катица Јанева

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес конференција побара притвор за Специјалната јавна обвинителка во оставка, Катица Јанева, наместо вчерашното одземање на телефонот без да биде вметната во истрагата „Рекет“.

„Од Рускоска обвинителството на Катица Јанева и беше одземен само телефонот, без било какви дополнителни мерки, а совршено е јасно дека силата на двајцата обвинети е токму можноста за влијание преку СЈО и врските кои тие ги имаат со Катица Јанева и врските кои што тие ги имаат директно со врхушката на власт. Со други зборови, не е можно обвинетите да вршеле влијание без силата на компромитираното СЈО и врските кои што тие ги имаат со врхушката на власт“, рече Мицкоски.

Според него, вчерашното апсење било само театар за да се спасат вистинските нарачатели на криминалот, споменувајќи ги псевдонимите Кики и Фрики од колумните на новинарот Бранко Героски.

„Неслучајно претходно реков дека вчерашниот ден беше само театар да се спасат вистинските нарачатели на криминалот, а тоа е така бидејќи вчера никаде ги немаше во обвинението фамозните Фрики и Кики кои заедно со првообвинетиот се говореше во одредени написи дека вршеле уцени, изнуди и влијанија. Мојот сомнеж, сомнежот на ВМРО ДПМНЕ е дека во сето ова се вклучени директно лица од самиот врхушка на власт“, истакна Мицкоски.

Тој го нарече СЈО компромитирано и нагласи дека Јанева може да влијае на сведоци, но и дека имало можност за нејзино бегство, со што требало да биде во притвор.

„Компромитираното СЈО е завршена работа. А првиот чекор веднаш треба да биде притвор за Катица Јанева и за сите други вмешани во овој криминален октопод. Исполнети се сите услови за ваква мерка, можност за повторување на делото, затоа што Јанева и денес е првиот човек на ова компромитирано корумпирано СЈО, постои можност за бегство и можност за влијание врз сведоци. Сето останато е само слабо и бледо алиби“, рече лидерот на опозицијата.

Можеби ќе ве интересира:

Кичеец на распит во Кривичен суд

Ден

БГНЕС: Со ветото на Макрон се враќа евроскептицизмот во регионот

Ден

Исланд го ратификуваше протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Ден
UA-107222993-1