Ден

Заев: Не е точно дека ми се јавила Јанева пред да и го земат телефонот

Премиерот Зоран Заев на прес конференција во Владата негираше дека Специјалната обвинителка во оставка, Катица Јанева му се јавила вечерта кога и бил одземен телефонот бидејќи имало налог за нејзино приведување, вест која се појави во неколку медиуми, а веднаш беше демантирана од обвинителството.

– Не е точно дека сум се чул со Катица Јанева вечерта кога и е одземен телефонот. Тоа се веројатно шпекулации, рече Заев. 

Тој рече дека апсолутно стои зад луѓе кои се бореле за правдата и рече дека според него, сите се невини додека не се докаже дека се инволвирани во криминал.

Според него, обвинителствотто презело мерки преку одземање на нејзиниот телефон за да утврди дали постои инволвираност или соучество во случајот „Рекет“ или нејзиното име е само злоупотребено и додаде дека верува дека нејзиното име е само искористено.

Можеби ќе ве интересира:

Кочан во среда треба да се појави во затвор

Ден

Ако општина Охрид не почне со уривање, ќе и бидат одземени ингеренциите

Ден

Рускоска: Имаме видео и аудио докази за истрагата

Ден
UA-107222993-1