Ден

Ако општина Охрид не почне со уривање, ќе и бидат одземени ингеренциите

Ако општина Охрид не почне со уривање на дивоградбите, ќе бидат одземени надлежностите на локалната самоуправа, рече премиерот Зоран Заев кој додаде дека општината треба да постапува согласно законските одредби со дивоградбата во центарот, сопственост на советникот во општината

-Законот мора да важи еднакво за сите. Апелирам до сите граѓани, па и до почитуваниот советник, господионот Нефи, да ги отстрани дивоградбите што не можат да се легализираат, односно немаат никакво право за легализација, затоа што државата ќе ги тргне заради тоа што е загрозен Охрид со УНЕСКО, заради тоа што граѓаните реагираат, рече Заев.

Тој кажа дека дека веќе разговарал со градоначалникот на Општина Охрид и нагласи дека очекува да се постапи согласно законот.

„Не очекувам ни помалку, ни повеќе, ни мускули, ни сила, само по закон за секого. Ако не се постапи најавувам одземање на надлежности, како што сум најавил на господинот Мерко за одредени постапки, нагласи премиерот.

Можеби ќе ве интересира:

Владата даде финансии за спомен-обележје на почивалиштето на Тоше Проески

Ден

СЈО демантира дека била уапсена Лиле Стефанова

Ден

Заев: Ќе останам запаметен како човекот кој го сменил името на земјата

Ден
UA-107222993-1