Ден

Лидерската средба ќе се одржи и без Мицкоски

Откако опозицискиот лидер Христијан Мицкоски рече дека нема да учествува на лидерската средба ако на неа не се разговара за предвремени избори, премиерот Зоран Заев на прес конференција му порача дека истата ќе се одржи во петок и без него, бидејќи присуство потврдиле Али Ахмети и Зијадин Села.

„Лидерската средба останува, таму има уште двајца лидери покрај мене. Се надевам ќе биде присутен и господинот Мицкоски, сите теми се потенцијал за разговор. Нашите ставови јавно сум ги кажал, немам намера да исполнувам желба за предвремени избори иако знам дека ќе победам, знам дека власта ќе победи и сум убеден во тоа, но немам намера заради тоа да наштетам на економските перспективи на граѓаните. Се е завршено, која земја кога станувала членка на НАТО и почнувала преговори со ЕУ го одложувала тоа и одела на избори“, рече Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Хирсијан Мицкоски на вчерашната прес конференција рече дека немало да се појави затоа што премиерот не сакал да зборува за предвремени избори, иако Заев го повика да разговараат за пописот, Изборниот законик и Законот за јавното обвинителство, со можност секој да предложи и друга тема.

„Спремен сум да разговарам за се што некој од учесниците е спремен да го нотира како дневен ред. Не мора да се договориме за сите прашања, но треба да седнеме да разговараме. Не може да барате да бидеме нормална држава, а да не седнете да разговарате за пописот. Пописот Македонија и Сомалија и не знам кои уште две-три држави го немаат. Не е напревен во 2011 кога тие беа на власт. Треба да седнеме и да ги заокружиме евентуално сите резерви кои ги има некој за да го гарантираме успешниот процес. Пописот и треба на државата како леб“, истакна Заев.

Можеби ќе ве интересира:

МВР контра Трајчевски: Имал ли Боки 13 обезбедување од МВР?

Ден

СЈО демантира дека била уапсена Лиле Стефанова

Ден

Села: Добро е што премиерот почнал да ја чувствува силата на Алијансата за Албанците

Ден
UA-107222993-1