Ден

Грчкиот министер за одбрана: Ако се почитува договорот од Преспа, може да имаме подобра иднина

Почитувањето на договорот од двете страни, без отстапки може да донесе позитивни резултати и подобра иднина, рече новиот грчки министер за одбрана, Никос Панајотопулос, говорејќи на конференцијата на „Економист“ на панел дискусијата посветена на Балканот и Договорот од Преспа, на која учествуваше и министерот за надворешни работи на Северна Македонија, јави дописничката на Медиумската Информативна Аагенција од Атина.

-Не ја оспорувам намерата на некои дека овој договор беше постигнат за добра цел за да ја зајакне стабилноста во регионот, да ги зајакне геополитичките темели за да не постојат пресврти. Моето мислење е дека за овој договор да опстане и да произведе позитивни резултати ќе треба и двете страни да бидат посветени во почитувањето и задржувањето на суштинските условите на договорот. Ова е мојата позиција и како правник. Ако се почитува без отстапки сите суштински услови од договорот, тогаш може да одиме кон подобра иднина, рече Панајотопулос.

Извор: Медиумска информативна агенција

Можеби ќе ве интересира:

Села: Добро е што премиерот почнал да ја чувствува силата на Алијансата за Албанците

Ден

Пендаровски: Нема да го амнестирам Заев ако направил кривично дело

Ден

Полицијата го фати убиецот на фудбалерот Јанушев

Ден
UA-107222993-1