Ден

Бизнисмени му кажале на Заев дека биле уценувани

Премиерот Зоран Заев говорејќи за истрагата „Рекет“ рече дека неколку бизнисмени кои не се од Скопје се обратиле кај него дека биле уценувани, по што, како што тврди, тој веднаш пријавил пријавил во институциите.

„Бизнисмени кои не се од Скопје се имаат обратено кај мене дека биле уценувани и секако, како секој граѓанин јас пријавив, рече премиерот“, рече Заев.

Обвинителството при објаување на оваа истрага побара секој бизнисмен кому му бил вршен рекет да пријави кај нив, со цел да се прошири случајот.

Во „Рекет“ осомничени се Бојан Јовановски, познат како Боки 13 и Зоран Милески, познат како Кичеец, кои заработија 30-дневен притвор. На Специјалната обвинителка во оставка, Катица Јанева и беше одземен телефонот со цел да се провери дали има некаква поврзаност со Јовановски и Милески.

Можеби ќе ве интересира:

Спасов не се појавил во затвор на 18 октомври, кога му завршил рокот за оправданиот прекин

Ден

Јанева вели дека е чиста, но не најде време да одговори на прашањата

Ден

Јовески: Обвинителството е определено неселективно и конечно да расчисти со криминалот

Ден
UA-107222993-1