Ден

Ел Чека до Заев: Ти пропадна планот за рекетирање и уценување

Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција прашан за снимките кој ги објавува Ел Чека рече дека МВР постапува, а власта се обратила и до државите сојузници од каде што мислат дека неовластено се лиферуваат снимени разговори, за да се постапи законски.

„Згрозен сум од тоа што го слушам затоа што таму пред се има приватни разговори. Овој човек треба да одговара и кога тогаш ќе одговара, светот е глобално село и ќе одговара. Дали треба да го мотивирам и за мене да објави. Ќе одговара, еве и преку камери. Ќе одговара ова му е директно од премиерот“, рече Заев.

Ел Чека пак, во експресен одговор му напиша на Заев да си го држи задникот на фотелјата во Влада, бидејќи наскоро ќе му недостасувала.

„Зоран Заев знам кој ти е проблемот. Неуспехот на организираниот криминал што го имаше со СЈО. Пропадна планот за рекетирање и уценување. Доста велиш дека прислушувањето го правела претходната Влада, не се продавај за жртва, но држи го задникот уште малку во таа фотелја, ќе ти недостасува“ напиша Ел Чека на Фејсбук.

Вчера пак, лидерот на ДУИ, Али Ахмети пред своите симпатизери се пожали дека македонските партии се виновни за објавувањето на „бомби“, прашувајќи зошто Ел Чека не објавува разговори на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира:

Заев: Ќе се сретнам со историчарите пред утрешната средба на македонско-бугарската експертска комисија

Ден

Русковска за КОД: Гласот на обвинителката се слуша во снимките – докази за „Рекет“

Ден

БГНЕС: Со ветото на Макрон се враќа евроскептицизмот во регионот

Ден
UA-107222993-1