Ден

Судскиот совет не расправаше за смена на Вангеловски

Судскиот совет на Република Северна Македонија ја одложи расправата за барањето за разрешување на Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски.

Дел од медиумите јавуваат дека барањето за оваа точка на дневниот ред пристигнало од новиот член на судскиот совет, Миљазим Мустафа, кого го назначи претседателот Стево Пендаровски, наводно бидејќи доцна ги добил материјалите и немал време да се запознае со предметот за разрешување на Вангеловски.

 „По едно барање е одложена расправата на барање на член на Судскиот совет“, се вели во соопштението на советот.

Инаку, ваквите извештаи, кои се однесуваат на одговорност на судиите, Судскиот совет ги разгледува зад затворени врати.

Можеби ќе ве интересира:

Партијата на Ципрас: Изборите во С. Македонија – потврда за недостигот на кредибилитет во ЕУ

Ден

Затвореник им избегал на затворските полицајци додека си купувале хамбургери

Ден

(ВИДЕО) Шекеринска: ЕУ направи историска грешка

Ден
UA-107222993-1