Ден

Нејмар заминува во Јувентус

Каталонскиот гигант Барселона нема доволно пари за да го купи Нејмар, откако претходно на „Камп Ноу“ пристигна Ентоан Гризман, па буџетот мораше да се скрати.

Шпанските медиуми пишуваат дека Нејмар не сака да чека повеќе, па поради тоа му се понудил на Јувентус, но и тој трансфер тешко би се реализирал, зашто Јувентус ќе има проблем со Финансискиот фер-плеј.

Нејмар во 2017 година стана најскапиот фудбалер во светот, кога Барселона од ПСЖ доби 222 милиони евра за него, но Бразилецот не е задоволен со животот во Париз.

Тој постојано се поврзува со заминување, па со сите сили се обидува да замине од Париз, а останува да видиме дали ќе успее во својата намера.

Можеби ќе ве интересира:

Елмас заминува од Фенербахче во Наполи

Ден

Јунајтед се договори со Манџукиќ, од Јувентус ја објавија и цената

Ден

Агентот на Модриќ разговара за негов трансфер во Милан?

Ден
UA-107222993-1