Ден

Суспендиран екс претседателот на Кривичен суд, Владимир Панчевски

Поранешниот претседател на Киривчниот суд, Владимир Панчевски е суспендиран. Оваа одлука се донела на денешната седница на Судскиот совет, а откако тој стана обвинет за местење на предмети, односно злоупотреба на АКМИС состемот, случај за кој се уште нема термин за почеток на судењето.

„По едно барање донесена е Одлука за времено оддалечување од вршење на судиска функција на еден судија“, стои во соопштението од Судскиот совет.

Инаку, екс претседателот на Кривичен, Панчевски е обвинет за местење на 50 судски предмети кои ги делел кај судии по свој избор.

Според обвинението, тој наместил и два предмети на СЈО, односно обвинението за нарачаните шамари од Никола Груевски или предметот „Насилство во Центар“, кое наместо електронски, на рака и го доделил на судијката Татјана Михајловска и предметот „Тврдина 2“, обвинение ое завршило во рацете на судијката Лидија Петровска.

Можеби ќе ве интересира:

Алијанса за Албанците: Изборите се добра вест

Ден

Милошоски: Со Заев си заминуваат инспекторот Бујар Османи, вртикапата Жерновски, Кики и Фрики

Ден

Кривичен ги одби жалбите на Боки 13 и Кичеец, остануваат во притвор

Ден
UA-107222993-1