Ден

Кривичен ги одби жалбите на Боки 13 и Кичеец, остануваат во притвор

Кривичниот суд преку соопштение извести дека ги одбил жалбите на Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец против одлуката на судијата на претходна постапка, кој пред два дена им опедели 30 дневен притвор за истрагата „Рекет“.

„ Постапувајќи по жалби изјавени против решенија на судија на претходна постапка од 15.07.2019 година, Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје денеска одржа седница на која по ценење на наводите во жалбите како и фактите и аргументите во предметот донесе одлука со која жалбите ги одби како неосновани, а решенијата на судија на претходна постапка ги потврди во целост“, стои во соопштението на Кривичен.

Пред два дена, постапувајќи по предлог на Обвинителството за организиран криминал и корупција за определување мерка притвор против две лица кои беа спроведени во судот, донесе решенија со кои го прифати предлогот и им определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Можеби ќе ве интересира:

Триесетдневен притвор за Бојан Јовановски

Ден

Заев прв пријавил рекет во ОЈО, Рускоска му рекла оштетениот сам да пријави

Ден

Старова: Додека билдаме „Никогаш Северна“, ќе останеме осамена Македонија

Ден
UA-107222993-1