Ден

Владата даде финансии за спомен-обележје на почивалиштето на Тоше Проески

Владата даде зелено светло за издвојување на буџетски средства за изградба на спомен-обележје на почивалиштето на Тоше Проески. За овој, но и други проекти вкупно се одвоено 117,5 милиони денари, но не се знае со колку точно пари ќе се гради спомен-обележјето.

„Владата на РСМ денеска ја усвои програмата реализацијата на средствата предвидени во буџетот на Министерството за култура за 2019 година за капитални инвестиции во единиците на локалната самоуправа. Програмата е со буџет од 117,5 милиони денари, и, меѓу другото, ќе бидат алоцирани во проектите како што се Реконструкција со доградба и надградба на конгресен центар Универзална сала – Скопје, Изградба на Спомен обележјето на Тоше Проески, изградба на дом на култура во Општина Боговиње, реконструкција и адаптација на културен „Шота“ с. Неготино, Општина Врапчиште, за Ентериерно уредување на објект „Кино Манаки“ – Битола, и други капитални проекти во културата во единиците на локалната самоуправа“, стои во соопштението на Владата.

Поп ѕвездата трагично загина во 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. Дванаесет години подоцна, државата конечно одвојува финансии за да се уреди вечното почивалиште на Проески, кое е непроменето од 2007 година.

Можеби ќе ве интересира:

Ел Чека објави нова „бомба“ за ДУИ на Фејсбук

Ден

Дачиќ ја учи „Шанзелизе“, сака да му ја пее на Макрон

Ден

Заев: Борисов не ми се јавил да бара заштита за Камчев

Ден
UA-107222993-1