Ден

Катица Јанева трет ден не се појавува на работа

Специјалната обвинителка во оставка Катица Јанева трет ден не се појавува на работа, како што денеска велат од Специјалното јавно обвинителство, таа е на боледување.

Од таму не кажуваат која е дијагнозата на Јанева, а единствено што се знае е тоа дека додека таа е отсутна, нејзина замена се обвинителките Елизабета Јосифовска и Ленче Ристоска.

Јанева не се појавува на работното место во СЈО откако во понеделникот вечерта нејзиниот телефон беше одземен со цел да се вештачи и да се провери дали таа има поврзаност во случајот „Рекет“, за кој како осомничени во притвор завршија Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец.

Јанева истиот ден депонираше оставка, која како што наведе во соопштението до јавноста, ќе биде активирана откако партиите ќе се договорат за новиот закон за јавно обвинителство и ќе изберат нејзин заменик.

Можеби ќе ве интересира:

Партијата на Зеленски победува на парламентарните избори во Украина

Ден

Владата даде финансии за спомен-обележје на почивалиштето на Тоше Проески

Ден

Суспендиран екс претседателот на Кривичен суд, Владимир Панчевски

Ден
UA-107222993-1