Ден

Заев прв пријавил рекет во ОЈО, Рускоска му рекла оштетениот сам да пријави

Премиерот Зоран Заев прв ги известил шефицата на обвинителството за организиран криминал, Вилма Рускоска, и јавниот обвинител на РСМ, Љубомир Јовески дека бизнисмен му се пожалил дека му е вршен рекет, а тие го советувале Заев бизнисменот сам да пријави во обвинителство.

Ова го тврди Рускокса во изјава за „Независен весник“, каде кажува дека самиот Заев бил подготвен да отиде и да поднесе кривична пријава на записник.

„Премиерот усно нè извести мене и јавниот обвинител на РСМ, притоа изразувајќи подготвеност да дојде и да поднесе кривична пријава на записник. Но ние му советувавме сведокот да дојде во Обвинителство и да пријави“, вели Рускоска за „Независен“.

Иако ниту премиерот, ниту обвинителите Рускоска и Јовески не сакаат да споменуваат имиња, во медиумите се шпекулира дека се работи за бизнисменот Орце Камчев, осомничен во случајот на СЈО наречен „Империја“.

Во случајот „Рекет“ осомничени се Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец, кои добија 30 дневен притвор.

Јовановски во интервју на 1ТВ, телевизијата за која вели дека е сопственик, рече дека не било точно дека му барал пари на Камчев, но и дека доколку бизнисменот го снимал, а тој барал нешто незаконски, ќе дал соодветен одговор.

„Јордан Камчев го познавам долги години. Изминатава година соработуваме, се рекламира на оваа телевизија. Можам да кажам само дека мене како негов медиумски соработник не ми е  забрането да се гледам со него. Сум се гледал со него кога излезе од затворскиот случај за „Империја“. Околу фамозните приказни за куферите со пари ги отфрлам како невистините. Доколку ме снимал е направено незаконски и е кривично дело и доколку дојде до такво нешто, во свое време ќе го дадам соодветниот одговор. Од оваа дистанца можам да кажам дека ништо што е против законски или злоупотреба на некоја институција и информација не е искористено против него“, рече Јовановски во интервјуто направено пред неполн месец.

Можеби ќе ве интересира:

Заев: Борисов не ми се јавил да бара заштита за Камчев

Ден

Суспендиран екс претседателот на Кривичен суд, Владимир Панчевски

Ден

Заев: Не е точно дека ми се јавила Јанева пред да и го земат телефонот

Ден
UA-107222993-1