Ден

Лажна дојава за бомби на аеродромите во Белград, Подгорица и Тиват

Утрово на аеродромот во Белград, „Никола Тесла“ била испратена специјална полициска екипа поради дојава дека во еден авион има поставено бомба, пишува „Вечерње новости“.

Како што известува „Новости“, од авион на „Луфтханза“, кој бил подготвен за лет кон Франкфурт, биле евакуирани 130 патници и пет членови на екипажот поради дојава дека во леталото е поставена експлозивна направа.

Речиси истовремено, дојави за бомба добиле и полициските службеници во Подгорица и Тиват.

Еден од патниците кој се наоѓал на аеродромот во Подгорица изјавил дека полицијата ја прегледувала торбата на секој од нив.

На аеродромите била зајакнета контролата на полицијата и бил извршен детален преглед.

Можеби ќе ве интересира:

(ВИДЕО) Мицкоски очекува чиста дата за отпочнување на преговори со ЕУ

Ден

(ВИДЕО)Заев повика лидерска: Сите заеднички да ги донесеме големите одлуки

Ден

Ахмети: Македонските партии го девалвираа целиот процес, бараме ветинг веднаш

Ден
UA-107222993-1