Ден

Вечер: Спасовски се вози во запленето БМВ

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски се вози во запленето возило, или што народски би се рекло секнд хенд (втора рака). Возилото е доделено на МВР од депото на запленети возила, пишува весникот Вечер.

Како што пишува весникот, се работи за  БМВ 7 луксузен автомобил, чија пазарна вредност е до  150 000 евра, а кое како што потврди и директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Фатон Асани било запленето. Возилото како што информираше Асани не било блендирано, а државата за возилото не платила ниту денар.

Освен  Спасовски, луксузни возила од оваа Агенција, по основ на запленет имот, возат и други  државни и локални функционери, но и раководители на стручни служби, правосудни органи и сл.

Можеби ќе ве интересира:

Спасовски: За МВР да знае каде е Јанева треба да има налог од обвинителството и судот

Ден

Бојан Јовановски зел 1,5 милиони евра за да се сопре кривична постапка

Ден

Панчевски: Како партал бев избркан од судската зграда, слава на Заев и Шекеринска

Ден
UA-107222993-1