Ден

(ВИДЕО) Ласовска: Дали Јанева не е во притвор зошто ја штити лично Заев?

„Поминаа три дена, а од Катица Јанева ниту трага, ниту глас. Три дена не доаѓа на работа. Три дена се крие и бега од одговори и одговорност. Платата тешка илјадници евра и стигнува на сметка, а нејзе ја нема. Кружат информации дека заминала од Македонија. Ова сигурно не е право и правна држава. Наместо да одговара пред законите, таа продолжува да ги влече конците, да овластува обвинители и да потпишува акти на СЈО“, вели пратеничката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска.

Таа обвини дека Македонија ја владее криминална банда која создала нов рекетарски – судско – политичко – медиумски октопод, а пипците на овој октопод допреле до секоја пора во државата.

„Зоран Заев иако се прави наивен, постојат сериозни индиции дека токму тој во неколку наврати остварувал средби осомничените од рекетарската банда. Дали е точно дека изминатиот викенд еден од сега осомничените за рекет, дел од криминалниот октопод на Заев, славел заедно со Заев во еден од локалите во Охрид до раните утрински часови? Дали е точно дека еден од обвинетите имал чести средби со член на семејството Заеви во еден ресторан на кејот на реката Вардар во центарот на Скопје каде се договарале идни „жртви на уцени“, биле давани насоки и упатства“, прашува Ласовска

Според неа, премногу нелогичности кои досега се изнсени во јавноста од страна на надлежните институции и ставови на Заев отвораат сомнеж дека надлежните нема да ја доведат истрагата до врвот на оваа рекетарска организација.

Никој не може да ја убеди јавноста дека на своја рака и без сесрдна поддршка на високи владини функционери, Боки 13 сам го вршел и спроведувал рекетот. Надлежните се уште не даваат одговор зошто во рамките на истрагата на Катица Јанева и бил одземен само телефонот и тоа само едниот телефон кој што го поседувала? Зошто Катица Јанева после сите информации се уште е на чело на СЈО од каде може да делува и на сведоци и секако на докази? Дали Јанева не доби притвор само поради тоа што Зоран Заев лично ја штити? Дали е точно дека Јанева во домот на првообвинетиот и во присуство на висок функционер од СДСМ ги договара обвиненијата на СЈО и како натаму да се постапува по нив“, прашува пратеничката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и додава дека ако само половина од наведеното е вистина тогаш постои случај во кој истрагата освен на Катица Јанева и СЈО треба да се прошири на Зоран Заев, неговото семејство и Владата.

„Октоподот освен пипците наречени Кики, Фрики, Баки и слично има глава. Овие прашања и теми ја интересираат јавноста, а не дали Заев ќе менува раководител на подрачна единица на јавна установа во Демир Хисар. Тоа што Заев сака да говори за незначајни теми посочува дека сака да избега од вистината, овој пат вистинската вистина за Македонија“, вели Ласовска.

Можеби ќе ве интересира:

Рускоска за приведувањето на Јовановски: Биле побарани 8 милиони евра за да се влијае врз обвинител во постапка

Ден

Судскиот совет не расправаше за смена на Вангеловски

Ден

(ВИДЕО) СДСМ тврди дека Мицкоски имал средби со Кичеец, ВМРО-ДПМНЕ негира

Ден
UA-107222993-1