Ден

Жбогар: Случувањата со „Рекет“ не треба да имаат последици врз европерспективите на земјава

Случувањата во врска со „Рекет“ не треба да имаат последици врз европските перспективи на Северна Македонија, вели евроамбасадорот Самуел Жбогар. Според него, случајот покажува дека функционира владеењето на правото.

„Сметам дека она што моментално го презема Јавното обвинителство е демонстрација на функционално владеење на правото. Самиот факт дека ЈО почнува да работи на случаи на корупција, а не само СЈО покажува дека има напредок и тоа е добро“, рече Жбогар.

Тој додаде дека СЈО во изминатите години работело напорно и завршило добра работа.

„СЈО во изминатите години заврши многу добра работа, работеше на градење судска пракса за случаите на корупција и многу добро ги проследи кривичните дела кои произлегоа од прислушуваните разговори. Таму работат инзвонредни правници и истражители. Очекувам дека политичките лидери, кои се надевам дека ќе се сретнат на утре ќе се обидат да најдат решение за иднината на СЈО во рамки на Јавното обвинителство“, истакна Жбогар.

Можеби ќе ве интересира:

Кочан во среда треба да се појави во затвор

Ден

СЈО демантира дека била уапсена Лиле Стефанова

Ден

Заев: Следуваат директни контроли на индустријата во борбата за почист воздух

Ден
UA-107222993-1