Ден

Панчевски: Како партал бев избркан од судската зграда, слава на Заев и Шекеринска

Судијата Владимир Панчевски, кој вчера беше суспендиран од страна на Судскиот совет, преку Фејсбук извести дека бил избркан од канцеларијата во судот.

„Ете и тоа го дочекав, утрово избркан како партал од канцеларијата и судската зграда, судски полицаец дојде да ја заклучи канцеларијата, ни одлука сум примил, ни официјално сум известен, ниту сум известен за било која од постапките на прогон против мене, освен од медиуми. Така функционира овој криминален систем! Тоа е таа ”благодарност” на системот за 24 години стаж во правосудните органи од кои 11 години судиски стаж во Кривичниот суд со потврдени најдобри резултати! Слава на Зоран Заев и Радмила Шекеринска“, напиша тој.

Инаку, Панчевски е обвинет во случајот за местење на АКМИС системот. Според обвинението кое се уште нема добиено датум за почеток на судење, тој наместил 50 судски предмети кои ги делел кај судии по свој избор.

Можеби ќе ве интересира:

Случај „Рекет“: Запленет глисерот на Кичеец и неколку други предмети

Ден

Мерко се саморазвласти, владата ќе раководи со урбанизмот во Струга

Ден

Кичеец на распит во Кривичен суд

Ден
UA-107222993-1