Ден

Expanscape го претстави првиот лаптоп со седум дисплеи во светот

Компанијата Expanscape го претстави првиот лаптоп со седум дисплеи во светот. Екраните на прототипот Aurora 7 имаат различни дијагонали и резолуција, станува јасно од сè уште оскудните информации на страницата на девелоперот.

Лаптопот се потпира на процесор Intel Core i9 9900K и графички забрзувач на Nvidia GTX. Четири од екраните имаат дијагонала од 17,3 инчи и 4K резолуција, додека другите три се со 7-инчен Full HD, од кои едниот е вграден во работната површина на компјутерот.

Aurora 7 е дизајниран за потребите на истражувачите, девелоперите, трговците, креаторите на содржини и повеќе. Вградената батерија што се полни може да ја обезбеди целата енергија што ви е потребна за да работите со вашиот лаптоп без потреба од дополнителни батерии.

Во моментов, не е јасно колку ќе чини таков лаптоп. Компанијата објави слики на Aurora 7 на својата веб-страница и објави дека ќе ги открие целосните спецификации на лаптопот (веројатно и цените) во наредните денови.

Програмерите на Expanscape се придржуваат кон филозофијата 3 „U“ – утилитарен, бескомпромисен и неконвенционален.

„Ние реализираме тешки идеи“, велат од компанијата.

Можеби ќе ве интересира:

Јапонија заостанува зад САД и Јужна Кореја со 5G: Веднаш сака да воведе 6G мобилна мрежа

Никола Поповски

Amazon ќе промовира метод за плаќање со дланка

Влатко Зорба

Вештачкиот интелект има потреба од нови правила, вели шеф на Google

Влатко Зорба