Ден

Galaxy Note20 телефоните на Samsung добија поголем екран

Samsung оваа година ќе ги претстави Galaxy Note20 и 20 Plus, за кои речиси цело време се појавуваат нови детали. Galaxy Note семејството ќе позајми некои карактеристики од S серијата претставена во февруари оваа година, а неколку сличности откриваат рендери креирани врз основа на познатите информации.

Note 20 Plus добива 6,9-инчен екран, како и S20 Ultra, додека стандардниот Note20 ќе има 6,7-инчен дисплеј, за разлика од сегашниот 6,3-инчен екран. Овој пат Samsung би можел да го изостави од понудата компактниот Galaxy Note.

Задната страна открива дека камерите ќе бидат „сериозни“. Деталите не се познати, но Note линијата ќе има еден или повеќе модули на камерата, кои ги поседува S20 Ultra, вклучувајќи ги перископ зум леќите на Note20 Plus.

Поголемиот од деталите се уште се мистерија, иако се очекува Note да има помалку заоблен дизајн во однос на уредите од S20 серијата. Samsung традиционално секогаш нуди нешто подобри перформанси, така што евентуално повеќе RAM и подобар процесор не треба да бидат изненадување.

Можеби ќе ве интересира:

Microsoft Surface Duo пристигнува со напредна поддршка за стајлус

Прелистувачот на Гугл дава можност да не направите „seen“ на Месинџер

За „тенденциозноста“ околу 5Г мрежата – Фактите наспроти текстовите за кликови

Александар Тодески
×

Следете не