Ден

KNOCKED ME DOWN на Галоски – летен хит кој веќе го освојува Балканот

Македонскиот најперспективен диџеј и продуцент Галоски, издаде нов сингл со наслов “Knocked me down”- издание зад кое се потпишува CAT Music во соработка со реномираните Sony Music, што со сигурност е комбинација за нов летен хит!

Покрај домашните радио станици, “Knocked me down” ќе има и премиерно претставување низ радио станиците ширум Европа.Сметан за едно од најбрзо растечките имиња на електронската сцена во Европа, последниве неколку години и тоа како се одлични за Галоски.

Неговите изданија постојано може да ги слушнеме и најдеме низ плејлистите на глобалните денс музички икони како David Guetta, Martin Garrix, Hardwell, Dimitri Vegas & Like Mike, Steve Aoki, Afrojack, Nicky Romero, Diplo и многу други.Дури и среде овие предизвикувачки времиња низ кои поминува светот, во неможност да продолжи со неговите настапи околу светот, нашиот диџеј и продуцент е доста продуктивен.

Имаше успешно издание на Spinnin Records на почетокот од месецов, а веќе денеска има новo издание кое и тоа како веруваме дека ќе биде нов хит кој ќе го одбележи ова лето на Балканот.

Слушнете ја песната, се надеваме дека ви се допаѓа:

Можеби ќе ве интересира:

Бидете одговорни: Пандемијата уште не е готова

Шопинг во време на пандемија: Како да тестирате парфеми безбедно?

Како да исчистите пегла која загорела?

×

Следете не