Ден

Microsoft Surface Duo пристигнува со напредна поддршка за стајлус

Неодамна се појавија можни спецификации за претстојниот Microsoft Surface Duo, а најновите гласини пружаат повеќе информации за функциите на паметното пенкалце, кое ќе се користи со телефонот. Според наводите, уредот ќе имплементира напредна стајлус интеграција и функции кои ќе го подобрат корисничкото искуство до ниво какво што нудат другите Surface уреди.

Microsoft Surface Duo би можел да има некои интересни функции на внес со допир. Наводно, Android
влезот е програмиран така што може да овозможи истовремено внесување преку прстите на корисникот и паметното пенкалце. Функцијата би требало без проблеми да работи на двата екрана. Surface Pen веќе препознава различни нивоа на притисок, така што Microsoft пробува функцијата да ја овозможи и за Android платформата.

Останатите функции би вклучувале повлекување на фајлови од еден екран на друг, двојниот притисок би креирал скриншот или би ја покренал апликацијата. Surface Duo ќе биде објавен со Android 10 подоцна во текот на годината, но брзо би требало да добие надградба на Android 11.

Можеби ќе ве интересира:

Galaxy Note20 телефоните на Samsung добија поголем екран

Прелистувачот на Гугл дава можност да не направите „seen“ на Месинџер

За „тенденциозноста“ околу 5Г мрежата – Фактите наспроти текстовите за кликови

Александар Тодески
×

Следете не