Ден

Sвездата на Тотенхем може да го пропушти ЕП 2020

Sвездата на Тотенхем и Англија, Хари Кејн може да го пропушти ЕП 2020! Ова стана јасно по изјава на Жозе Мурињо, која секако ќе загрижи многу англиски навивачи.

Кејн се подложи на операција и требаше да се врати во игра на почетокот од април, но очигледно Специјалниот беше изнервиран од постојаните прашања во врска за стрелецот и се изрази малку загрижувачки за англиската јавност.

– Немаме никаква вест за Хари и ако ме прашувате секој пат, ќе ви одговорам на ист начин. Тој може да биде аут до средината на април, мај или да биде достапен за нас следната сезона, рече тој.

Така, во пракса, Кејн се чини дека се наоѓа под знак прашалник за Европското, што би претставувало огромен удар за Англија.

Можеби ќе ве интересира:

Управата на Ливерпул со целосна поддршка за Клоп за повторниот натпревар со Шрусбери

Никола Поповски

Уапсени пет кошаркари поради местење на натпревари, тројца од нив се од поранешна Југославија?

Никола Поповски

Ѓоковиќ со тренерка во чест на Коби (видео)

Никола Поповски