Connect with us

Сцена

„The Crown“ и „Queen’s Gambit“ триумфираа на ЕМИ

Нетфликс“ ги освои највредните статуетки на овогодишните „Еми“ награди. Меѓу нив, британската серија за кралското сeмејство „Круна“ (The Crown) е прогласена за најдобра драма, а „Гамбит на кралицата“ (Queen’s Gambit) е најдобра мини-серија.

И двете ТВ-серии освоија по 11 награди.

Серијата „Тед Ласо“ ги собра одличјата за најдобра комична серија, најдобар главен глумец во комична серија (Џејсон Судејкис), како и женска и машка споредна улога (Хана Вадингам и Брет Голдстејн). ТВ-серијата на стрим-платформата „Епл ТВ плус“ освои вкупно седум „Еми“ статуетки.

Оливија Колман и Џош О’Конор од „Круна“ ги освоија телевизиски драмски награди за главни улоги. Колман и О’Конор ги глумеа кралицата Елизабета Втора и принцот Чарлс.

Кејт Винслет е прогласена за најдобра актерка, за мини-серијата „Кобилата од Исттаун“ (Mare of Easttown), а Јуан Мекгрегор победи со улогата на моден дизајнер во „Халстон“.  

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement